Акумулатор на топла вода Радијатор АК

Главни причини за употреба на акумулатор на топла вода:

  • Подобро искористување на огревот, т.е. заштеда на енергија. Ни дава можност котелот да работи на повиски температурни режими каде искористувањето е подобро, а истовремено се акумулира вишокот на енергија која нема да се потроши во радијаторите
  • Подолг век на траење на котелот. Кога котелот работи на повисок режим, невозможно е да дојде до кондезација што директно влијае на векот на траење на котелот
  • Помал број на ложења во текот на денот. Во зависност од големината на акумулаторот на топла вода, можно е и по само едно ложење да имате повеќечасовно или повеќедневно греење
  • Подобра распределба на енергијата. Ако има повеќе грејни кругови, овозможува добро балансирана распределба на грејната вода во секој дел на инсталацијата кое треба да биде подржано и со соддветна автоматика
  • Собирање на повеќе извори на енергија. Со употреба на изменувачи лесно ја собираме енергијата добиена со соларните колектори, котлите на цврсто, течно или гасовито гориво, како и електричните котли
  • Олеснето производство на санитарна топла вода. Овозоможува контрола на работата на котелот на цврсто гориво а со самото тоа и квалитетно подобрување на производството на санитарна топла вода
Категорија: Product ID: 184

Опис

Според долгогодишното искуство во проектирање и изведба на инсталации за централно греење, препорачуваме вградување на акумулација на грејна вода АК во системите за индивидуално греење во спрега со сите конструкции на котли кои ги нудиме во нашиот каталог. Посебно добар ефект на акумулација е кај серијата FK која има принудно согорување со центрифугален вентилатор.

Главни причини за употреба на акумулатор на топла вода:

  • Подобро искористување на огревот, т.е. заштеда на енергија. Ни дава можност котелот да работи на повиски температурни режими каде искористувањето е подобро, а истовремено се акумулира вишокот на енергија која нема да се потроши во радијаторите
  • Подолг век на траење на котелот. Кога котелот работи на повисок режим, невозможно е да дојде до кондезација што директно влијае на векот на траење на котелот
  • Помал број на ложења во текот на денот. Во зависност од големината на акумулаторот на топла вода, можно е и по само едно ложење да имате повеќечасовно или повеќедневно греење
  • Подобра распределба на енергијата. Ако има повеќе грејни кругови, овозможува добро балансирана распределба на грејната вода во секој дел на инсталацијата кое треба да биде подржано и со соддветна автоматика
  • Собирање на повеќе извори на енергија. Со употреба на изменувачи лесно ја собираме енергијата добиена со соларните колектори, котлите на цврсто, течно или гасовито гориво, како и електричните котли
  • Олеснето производство на санитарна топла вода. Овозоможува контрола на работата на котелот на цврсто гориво а со самото тоа и квалитетно подобрување на производството на санитарна топла вода

Карактеристики на акумулаторот на топла вода АК:

  • Конструкцијата на акумулирачките садови е направена од конструктивен челик и сферни делови, заварена со постапка на автоматско заварување така да лесно издржува работни притисоци и притисоци на испитување од 5 bar
  • Изолацијата на садот овозможува минимални загуби на енергија во околниот простор кои изнесуваат околу 0,3°C за еден час. Препорачана количина на вода по киловат моќност на котелот е 30 ÷ 50 l
  • Се изработува во 3 големини, 500l, 800l и 1000l, а ако на корисникот му е потребна поголема количина на вода, може да се спојат и два сада
  • На врвот на садот е приклучокот за сигурносна линија, додека за повеќе кругови за греење или за спојување на повеќе садови постојат 8 приклучока од 5/4”. Постојат и 4 приклучока од 1/2“ кои се користат за сонди за авотматиката или за термометри

Технички карактеристики

Упатство – Radijator AK