Котел на пелети Радијатор BIOlux UNI 20

BIOlux UNI 20 е наменет за согорување на дрвени пелети.

Номиналната моќност на BIOlux UNI 20 е 19,7kW.

Во склоп на BIOlux UNI 20 инсталирани се:

  • циркулациона пумпа
  • експанзионен сад од 10l
  • пресостат за вода
  • пресостат за воздух

Има и можност за вградување на Wi-Fi модем за безжично управување на согорувањето по пат на апликација за паметен телефон.

  

Категории: , Product ID: 113

Опис

BIOlux UNI 20 е наменет за согорување на дрвени пелети. Дрвените пелети се добиени од 100% целулоза, кога дрвените остатоци под висок притисок се збиени во пелет со пречник од 6mm и должина од 2÷3cm.

BIOlux UNI 20 се инсталира во котларница или во други простории, со тоа што има предност каде што се потребни покомпактни димензии.

Се поврзува на класичен оџак со минимален пречник од 120mm. Оџакот мора да ги задоволува и останатите стандарди како кај класичните котли.

Номиналната моќност на BIOlux UNI 20 е 19,7kW.

Во склоп на BIOlux UNI 20 инсталирани се:

  • циркулациона пумпа
  • експанзионен сад од 10l
  • пресостат за вода
  • пресостат за воздух

Согорувањето на пелетите се врши по принципот на насипно ложиште. Целиот процес е воден од автоматика која дозволува избор на еден од три нивоа на моќност. Можно е приклучување на собен термостат кој може да се програмира за циклуси на работа и мирување за 7 дена.

Има и можност за вградување на Wi-Fi модем за безжично управување на согорувањето по пат на апликација за паметен телефон.

  

Технички карактеристики

Проспект – Radijator BIOlux UNI 20

Упатство – Radijator BIOlux UNI 20