Електричниот котел ЕК-Classic е современ блок-котел (мини котларница) наменет за системите за централно греење. Котелот може да се инсталира како составен дел од инсталациите за системите за греење, спратно греење, хибридни и акумулациони системи.

Моќност

  • Трифазни: 6, 9, 12, 16, 18, 21, 24, 27 kW
  • Монофазни: 6, 9 kW
Категории: , Product ID: 685

Опис

Електричниот котел ЕК-Classic е современ блок-котел (мини котларница) наменет за системите за централно греење. Вклучувањето на греачите се врши преку безшумни контактори што значи дека котелот може да се инсталира во станбен простор – нема бучава при работа. Уредот е опремен со заштитна склопка која гарантира потполна сигурност. Котлите се опремени и со три-степенест регулационен термостат и имаат можност за избор на три ангажирани моќности со што на корисникот му се овозможува максимален комфор со минимална потрошувачка.

Котелот може да се инсталира како составен дел од инсталациите за системите за греење, спратно греење, хибридни и акумулациони системи. Котлите со помала моќност до 9kW може да бидат монофазни или трифазни, додека котлите со поголема моќност се исклучиво трифазни. Греачите се прохромски со што постои можност котелот да се инсталира во системи за чие функционирање неопходни се термофлуиди. Принципот на управување со котелот е електро-механички. Котелот е опремен со сите потребни компоненти кои се потребни за директно приклучување на термичката и електричната инсталација: три-степенест регулационен термостат, сигурносен термостат, сигурносен прекинувач на низок притисок, циркулациона пумпа, сигурносен вентил, термоманометар, експанзионен сад од 10l, сигурносна склопка за приклучување на електричната мрежа.

Дополнителна опрема:

  • Собен термостат
  • Wi-Fi прекинувач
  • GSM прекинувач (SMS модул)
  • Контролер за греење “S” тип
  • Контролер за греење “Y” тип

Технички карактеристики

Упатство – Radijator EK-Classic

Еуротерм д.о.о.

Леце Котески 50
Индустриска зона Билјана
7500 Прилеп

Тел: 048 419 415
E-mail: info@euroterm.com.mk

Скопје: 075 422 151
Битола: 075 463 930

© 2026 Еуротерм. Сите права задржани