Котел на цврсто гориво Радијатор K

Котлите од оваа серија се изработуваат со моќност од 18÷80kW. За нивната изработка се користат лимови од 5mm со котелски квалитет С1204 JUS стандард односно Hll по DIN стандард.

Котлите од серија К имаат т.н. долно согорување, па се посебно трајножаречки, т.е. можно е да се наполнат со огрев до самиот врата за ложење без страв дека огнот ќе згасне.

Во котлите е вграден и бакарен изменувач на топлина за приклучување на вентил за термичко осигурување со отекување.

Оваа конструкција, кога горивото е дрво, достигнува исклучително високи степени на искористеност (преку 80%), дава одлични резултати во случај на мешање на дрво и јаглен, а ложењето само со јаглен треба да се избегнува бидејќи степенот на искористеност е помал во однос на котлите од серија С.

Категории: , Product ID: 94

Опис

Котлите од оваа серија се изработуваат со моќност од 18÷80kW. За нивната изработка се користат лимови од 5mm со котелски квалитет С1204 JUS стандард односно Hll по DIN стандард.

Со анализа на попречниот пресек на котелот се гледа дека кај овие котли изменувачките површини се поставени вертикално и со своите димензии и распоред обезбедуваат многу долг пат на врелите димни гасови низ котелот. Со мерења е утврдена и многу помала брзина на гасовите на излезот од котелот, како и пониска температура на влезот во оџакот во однос на други конструкции на котли, со што се смета дека оваа конструкција има највисок степен на искористување.

Котлите од серија К имаат т.н. долно согорување, па се посебно трајножаречки, т.е. можно е да се наполнат со огрев до самиот врата за ложење без страв дека огнот ќе згасне. Имаат голем простор за огрев, така да е можно целодневно користење на котелот со едно или две полнења. Во задниот дел на ложиштето поставени се огноотпорни цигли од шамотен температурно-акумулирачки материјал. Тие се загреваат на температура која е доволна за да ги согори инаку тешко согорливите честички во димните гасови.

Во котлите е вграден и бакарен изменувач на топлина за приклучување на вентил за термичко осигурување со отекување.

Оваа конструкција, кога горивото е дрво, достигнува исклучително високи степени на искористеност (преку 80%), дава одлични резултати во случај на мешање на дрво и јаглен, а ложењето само со јаглен треба да се избегнува бидејќи степенот на искористеност е помал во однос на котлите од серија С.

Технички карактеристики

Проспект – Radijator K

Упатство – Radijator K