Развој на термопластичен композитен резервоар со голем отвор

Развој на термопластичен композитен резервоар со голем отвор

Во тек е реализација на проектот „Развој на термопластичен композитен резервоар со голем отвор, за индустријата за греење, ладење, вентилација и климатизација“ подржан од Фондот за Иновации и Технолошки Развој. Целта на овој проект е крајниот производ,  иновативниот резервоар, примарно да се употреби за производство на 900 литарски централен бафер/бојлер, производ со висока енергетска ефикасност (заштеда на енергија до 60%) и следствено на тоа – висок пазарен потенцијал, со што Еуротерм Д.О.О. сериозно ја зголемува палетата на еколошки производи, кои придонесуваат во заштитата на животната средина.