Котел на цврсто гориво Радијатор C

Во согласност со барањата на пазарот и искуствата со сериите К и R, развиена е нова конструкција серија С. Котлите од оваа серија се изработени од котловски лим со квалитет С1204 и дебелина 5mm, и се произведуваат со номинална моќност од 25÷50kW. Оваа конструкција има т.н. горно согорување, така да најголемите степени на искористеност се остваруаваат со јаглен, дрвен отпад, биомаса, но исто така се покажа дека искористеноста е речиси иста како и при користење на дрво, така да оваа карактеристика на универзалност на огревот го издвојува котелот С во производствениот програм.

Категории: , Product ID: 106

Опис

Основата на ложиштето е масивна решетка од сив лив која останува недеформирана и при највисоките температури кои можат да се постигнат во ложиштето. Улогата на оваа решетка во процесот на согорување е многу важна бидејќи сивиот лив дополнително се загрева и ја држи температурата на ложиштето без обзир на режимот на работа. На овој начин се намалуваат ефектите на кондензација и се врши поцелосно согорување така да појавата на катран и саѓи во котелот е максимално намалена.

Вратите за потпалување и ложење се направени во ширина на ложиштето така да процесот на чистење на котелот е значително олеснет. Серијата С има и пепелник кој со своите димензии максимално го опфаќа просторот за пепел, но не пречи на потребната воздушна промаја под решетката. Кога ќе се отвори горната врата во внатрешноста на котелот јасно се гледа преградниот лим кој со долниот крај е потпрен на изменувачката кутија, а со горниот на предната челна страна. Овој лим се симнува рачно и се вади од котелот само во случај на чистење. Во текот на работата овој лим мора да биде на опишаното место бидејќи само така котелот ќе работи со полн капацитет.

Конструкцијата на серија С овозможува и лесно приклучување на вентил за термичко осигурување со отекување и неговата ефикасна примена, што е еден од најважните фактори за сигурна и безбедна работа на котелот.

На котелот С33 и помоќните модели, можно е вградување на бојлер со волумен од 100l за загревање на санитарна топла вода, а на сите модели на котелот можна е надоградба со електро-котли од 18÷36kW. Од безбедносни причини, поради можен пожар а и подолг век на траење, забрането е ложење со гума, пластични маси, органски отпад и текстилни крпи.

Технички карактеристики

Проспект – Radijator C

Упатство – Radijator C