Опис
Овие котли имаат тропромајна цевна измена, за разлика од помалите котли од серијата R, каде се применети плочести изменувачи помеѓу димните гасови и котелската вода. Благодарејќи на ваквата конструкција степенот на искористување е над 75%. Котлите R350 и R500 се наменети за работни режими каде работниот притисок е до 3 bar и температурен режим 90/70°C.
Вратата за потпалување и чистење, како и вратата за ложење се со такви димензии кои овозможуваат лесен пристап до ложиштето. Димензиите на ложиштето овозможуваат ложење со цепенки дрва подолги и од 1 метар.
Дебелината и квалитетот на материјалот од кои се изработуваат овие котли се соодветни на нивната моќност. Цевките од решетката како и цевките од изменувачот се со котелска дебелина од 4 односно 4,5 mm. За самото ложиште се користи котелски лим со дебелина од 8 mm. Задолжително е вградување на вентил за термичко осигурување со отекување. За таа цел постои специјално направено бакарна спирала потопена во водата од котелскиот изменувач. Котлите се испорачуваат со веќе намонтирана изолација и надворешна облога од ладно валани лимови. Но, доколку заради транспортот и внесувањето во котларницата потребно е овие делови да се отстранат, нивната демонтажа се одвива многу брзо.
Постои и можност овие котли, заради подобра работа и помала зависност од влечењето на оџакот, како и заради еколошки причини, да се монираат во комбинација со соодветен циклон. Самиот циклон во суштина е мултициклон каде основното одвојување на честичките се врши во 8 основни елементи изработени од сив лив. На самиот излез е всисниот вентилатор со специјална конструкција која кратко време може да издржи температури и од 400°C.