Подно греење

Подното греење е сигурен и ефикасен начин на греење кој ги комбинира условите на топлинска удобност и економична работа. Во овој систем, топлата вода со температура 35 ÷ 45°C кружи низ цевен систем кој е поставен во подот на просторот што се грее, претворувајќи го подот во еден голем радијатор. Топлината се пренесува со зрачење од подот кон грејниот простор, од пониските кон повисоките нивоа преку целата подна површина, без јаки струења. На овој начин се постигнува посакуваната температурна распределба, т.е. температурата на воздухот на ниво на главата е 18 ÷ 20°C или пониска.

Греењето преку цевки кои се распоредени преку целата површина на просторот што се грее ги обезбедува основните барања на модерниот живот за удобно и здраво живеење. Естетски без ограничувања во современите домови и зачувување на животната средина, секој има корист во штедење на енергијата и трошоците, сè благодарејќи на подното греење.

Showing all 7 results