Котел на пелети Радијатор TKAN 60 – 300

Серијата TKAN по основните и масовно произведени модели TKAN 1 и TKAN 2, има и свој продолжеток во смисла на зголемување на моќноста. Тоа се котли наменети за согорување на биомаса и поради своите моќности од 60 до 300 kW, спаѓаат во групата на индустриски котли на биомаса.

Индустриските котли на биомаса се изработени од котелски лим со дебелина од 6mm и повеќе. Изменувачот на топлина е од безшавни, котелски цевки. Степенот на искористеност на пелет е близу 90%. Температурата на излезните гасови е од 170 ÷ 190°C при повискои режими, кое во секој момент момент можеме да го провериме на вградениот дисплеј од автоматиката.

Заедно со TKAN индустриските котли оди и (дневен) мал силос со волумен од 800 литри. Тој има можност за поврзување со поголем силос и тоа странично и челно. Големиот силос го изработува купувачот според димензиите на просторот и тој со полжавест транспортер се поврзува со малиот силос. Автоматиката поддржува приклучување на мотор на тој полжавест транспортер.

Категории: , Product ID: 162

Опис

Серијата TKAN по основните и масовно произведени модели TKAN 1 и TKAN 2, има и свој продолжеток во смисла на зголемување на моќноста. Тоа се котли наменети за согорување на биомаса и поради своите моќности од 60 до 300 kW, спаѓаат во групата на индустриски котли на биомаса.

Под поимот “биомаса” пред сè се мисли на пелет, но без никаков проблем може да се согоруваат и семки од овошје (вишни, цреши, сливи,…). Процесот на согорување се води автоматски при што има 2 основни параметри, температурата на водата во котелот и температурата на издувните гасови. Потпалувањето е автоматско и се врши со два моќни греачи. Регулирањето на моќноста го врши самиот корисник, користејќи ја зададената количина на внесено гориво и моќноста на вентилаторот. Можно е да се вгради и собен термостат со временско програмирање.

Индустриските котли на биомаса се изработени од котелски лим со дебелина од 6mm и повеќе. Изменувачот на топлина е од безшавни, котелски цевки. Степенот на искористеност на пелет е близу 90%. Температурата на излезните гасови е од 170 ÷ 190°C при повискои режими, кое во секој момент момент можеме да го провериме на вградениот дисплеј од автоматиката.

Заедно со TKAN индустриските котли оди и (дневен) мал силос со волумен од 800 литри. Тој има можност за поврзување со поголем силос и тоа странично и челно. Големиот силос го изработува купувачот според димензиите на просторот и тој со полжавест транспортер се поврзува со малиот силос. Автоматиката поддржува приклучување на мотор на тој полжавест транспортер.

Технички карактеристики

Проспект – Radijator TKAN 60 – 300

Упатство – Radijator TKAN 60 – 300

Упатство – Radijator TKAN – Мултициклон

Упатство – Radijator TKAN – Отпрашување

Видео