Котел на цврсто гориво Радијатор R

Котлите од оваа серија се изработуваат со моќност од 65÷250kW. За нивната изработка се користи јаглероден челик за изработка на котли со дебелина од 5 и 6mm, по С1204 Hll DIN стандард. Имаат водено ладена решетка, составена од безшавни цевки со котелски квалитет С1212.

Во котлите е вграден и бакарен изменувач на топлина за приклучување на вентил за термичко осигурување со отекување.

Главна карактеристика на серија R е отпорноста на појава на кондензација и ниско температурна корозија, како и дека ним им треба помалку промаи на оџакот за нормална работа и согорување.

Категории: , Product ID: 101

Опис

Котлите од оваа серија се изработуваат со моќност од 65÷250kW. За нивната изработка се користи јаглероден челик за изработка на котли со дебелина од 5 и 6mm, по С1204 Hll DIN стандард. Имаат водено ладена решетка, составена од безшавни цевки со котелски квалитет С1212.

Со анализа на попречниот пресек на котелот се гледа дека кај овие котли изменувачките површини се поставени хоризонтално и со своите димензии и распоред обезбедуваат долг пат на врелите димни гасови низ котелот. Котлите се со 3 промаи и димните гасови на својот пат кон оџакот секогаш одат вертикално нагоре и хоризонтлано лево и десно. Според ова може дасе заклучи дека котлите од серија R работат на принципот на т.н. горно согорување, т.е. дека кислородот поминува низ целиот волумен на огревот и заедно со гасовите од него согорува кон горната огревна површина. Досегашното искуство во светот покажа дека ваквите конструкции се многу применливи кога како гориво се користи кокс, гранулиран јаглен, дрвен отпад, ситно сецкано дрво, како и разни видови на биомаса. Исто така оваа конструкција покажа подобри резултати од останатите при премин на течно или гасовито гориво.

Во котлите е вграден и бакарен изменувач на топлина за приклучување на вентил за термичко осигурување со отекување.

На секој котел од серија R можно е да се догради бојлер со волумен од 100l за греење на санитарна топла вода, како и електро-котли од 18÷36kW.

Главна карактеристика на серија R е отпорноста на појава на кондензација и ниско температурна корозија, како и дека ним им треба помалку промаи на оџакот за нормална работа и согорување.

Технички карактеристики

Проспект – Radijator R

Упатство – Radijator R