Соларни колектори Solarico ESK

  • Бакарен апсорбер – Blue Tec eta plus, високо селективен слој 0,2 mm, профилиран
  • Калено стакло Hecker T-Safe Solar Float со многу низок процент на железо и олово, како и антирефлектирачки способности со дебелина од 4 mm
  • Оптимална изолација
  • Алуминиумски профил
  • Одлична ефикасност
  • Лесен за монтажа
  • 10 години гаранција

Опис

  1. Елоксирана алуминиумска лајсна
  2. Hecker T-Safe Solarfloat калено стакло
  3. Bluetec-eta plus селективна фолија
  4. Ултрасонично заварени бакарни апсорбери
  5. Минерална стаклена волна во табла со 50 kg/m3 густина, покриена со црни стаклени влакна
  6. Ембосиран позадински алуминиумски лим
  7. Јак алуминиумски профил

Тип на колектор

Селективните сончеви колектори од ESK 2.5 SB серијата, се произведуваат во две основни верзии

ESK SB

Основната верзија има едно соларно калено стакло и се користи за загревање на санитарна топла вода во домаќинствата, хотели, индустрија,  загревање на технолошка вода, како и за загревање на базени

ESK SB T

Термопан верзијата има две соларни калени стакла со меѓу простор од 9mm исполнет со аргон и поголема термоизолација. Оваа верзија, најчесто се користи како дополнување на системите за централно греење, како и на места со ниски температури, за загревање на санитарна топла вода, заради поголемиот степен на искористување

Поврзување

Соларните колектори од Еуротерм можат да бидат конектирани во две или повеќе паралелни колекторски полиња користејќи Tichelmann систем.

При конектирање во серија, користете компезациони спојки на секој втор колектор, а за термопан верзијата на секој колектор.

До 6 колектори можат да бидат поврзани во една линија.

Технички карактеристики

Проспект

Каталог

Упатство


Сертификати

Посветеноста на нашиот тим допринесе за имплементација на стандардите за квалитет ISO 9001:2008 и SOLAR KEYMARK издаден од DIN CERTCO, тестиран во Институтот за соларна технологија SPF